Денес учениците од IV-1 одделение разговараа и учествуваа во активности на тема „Како би го поминале денот без мобилен телефон“.
Преку практични и креативни активности, тие открија различни начини за квалитетно и интересно поминување на времето без дигитални уреди:
Игра „Меморија“ и логички игри
Читање книги и текстови на зададена тема
Цртање и креативно изразување
Друштвени и едукативни игри
Пишување идеи и кратки пораки
Дружење, разговори и тимска работа
Активноста придонесе за развивање на вештини, креативност и свест за балансирано користење на мобилните телефони.
Без мобилен – повеќе игра, повеќе смеа и повеќе дружење.














