Десетина ученици од деветто одделение, заедно со професорката Ѓургица Костадиновска имаа можност да учествуваат на интересна и креативна работилница со средношколци од СОУУД „Димитар Влахов“, на тема „Развивање на вештините за профилот пекар и слаткар“.
Работилницата беше одлична можност учениците одблиску да се запознаат со оваа струка, да научат нешто ново и да ја почувствуваат креативната страна на подготовката на храна.
На почетокот од работилницата кратко обраќање имаше директорката Билјана Бајрактарова, која ги поздрави учениците и ја истакна важноста на ваквите активности за нивниот личен и професионален развој. Потоа професорките од стручните предмети ги запознаа учениците со темата „Специјална храна“, објаснувајќи им дел од специфичностите и можностите во оваа област.
На настанот присуствуваше и поранешната ученичка Евгенија Касапова, која денес работи во „Јади здраво“. Таа со учениците ги сподели своите искуства и впечатоци од работата, мотивирајќи ги да размислуваат за својата иднина и професионален развој.
Во практичниот дел од работилницата учениците беа поделени во групи и добија задача да изработат хамер на тема „Мојата идеална пекара“. Преку цртежи и креативни идеи тие ја претставија својата замисла за изгледот, понудата и атмосферата на една модерна пекара.
Работилницата заврши во пријатна и опуштена атмосфера, каде учениците се дружеа и имаа можност да дегустираат дел од претходно приготвените вкусни продукти.
Овој настан беше уште еден доказ дека преку соработка, креативност и практична работа учениците можат да стекнат нови знаења, вештини и инспирација за својата иднина.

