Денес учениците од IV¹ и IV² одделение заедно со своите одделенски наставници: Ирена Ристова Стевкова и Славе Ковачев, беа на едукативна посета НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица. Во рамките на посетата учениците беа запознаени со над 5.000 артефакти од праисторијата до средината на 20 век и тоа;
• Цареви Кули, средновековна тврдина, симбол на градот Струмица;
• Галеријата на икони „Св Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, во која се изложени во оригинал најстарите и највредните икони од струмичкиот регион;
• Турска пошта, етнолошка;
• Орта џамија, џамија од 17 век под чии темели се наоѓаат остатоци од средновековна црква од 12-13 век и античко светилиште;
• Манастирот „Св. Елеуса“ во с. Вељуса, средновековна црква од 11 век;
• Комплекс на водочки цркви, позната како „Св Леонтие“ во с. Водоча со долга историја од 6 до 14 век;
• Римска терма, комплекс од бански лекувалишта од 1-6 век.
Со вакви едукативни активности, поттикнуваме љубов и почит кон нашата татковина, инспирирајќи се од минатото да ја цениме и заштитувааме нашата културна татковина. Бескрајно сме благодарни на нашиот денешен водич-етнолог Томе Христов.

