Во рамките на наставната тема поврзана со традициите и верувањата на примитивните луѓе, учениците изработија сопствени тотеми, инспирирани од симболите, животните и духовните вредности што ги изучуваа на час.
Преку оваа активност учениците имаа можност:
Преку оваа активност учениците имаа можност:
• да ја продлабочат својата претстава за значењето на тотемите во различни култури;
• да ја изразат својата креативност преку боја, форма и симболика;
• да создадат уникатни уметнички дела кои ги претставуваат нивните лични карактеристики, вредности или животни што ги симболизираат.
Овие изработки се доказ за нивната инвентивност, вложен труд и интерес за запознавање со различните светски религиски традиции.

