По повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, учениците од IV-1 одделение од ООУ „Маршал Тито“ Струмица во соработка со училиштето ООУ “Видое Подгорец” Струмица, под менторство на учителките Тања Ѓоргиева и Стојка Азманова, организираа низа активности во рамките на програмата за Меѓуетничка интеграција во образованието (МИО).
Преку креативни и едукативни работилници, игра и дружење, учениците ја прославија својата детска радост и испратија порака за пријателство, почитување и заедништво во ООУ ,„Маршал Тито“ Струмица.


Add comment