Во рамките на меѓународниот проект „Ретки се“ ве информираме дека нашето училиште оваа година беше вклучено со низа на едукативни работилнци од страна на стручната служба, предметен наставник Анета Крстова како и одделенските наставници Ирена Ристова Стевкова, Љупка Глигорова и Елена Христова.
Од страна на здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ – Охрид добивме сертификат како признание за нашата активна вклученост, поддршка и реализирани активности во рамките на месец февруари.
Изразуваме искрена благодарност до организаторите за соработката во текот на целиот проектен период, а нашето училиште и понатаму ќе продолжи активно да ја поддржува оваа иницијатива, ширејќи свест, солидарност и хуманост во заедницата.

