„После жените, цвеќињата се најубавото нешто што Бог му го подарил на овој свет.“
Водени од оваа мисла, денес ја одржавме работилницата на тема: ,,Женско здравје” со која го одбележавме месец октомври – месецот на подигање на свеста за женското здравје.
Работилницата ја реализираше професорката по биологија Анета Крстова со девојчињата од VI одделение, со цел уште од најрана возраст да се запознаат со промените што се случуваат во периодот на пубертетот. Исто така на девојчињата им беа поделени хигиенски производи обезбедени од Општина Струмица.
Работилницата ја завршивме со пораки за силата и убавината на жената кои ги залепивме на хамер како потсетник дека секоја девојка и жена во себе носи огромна моќ.

