Во просториите на ООУ ,,Маршал Тито” Струмица се реализираше едукативно предавање со првооделенците од страна на Отсек за превенција при СВР Струмица и ОСБСП Струмица на тема: „Безбедност на малите пешаци.“
Целта на оваа активност беше преку тематски подготвена презентација учениците да се запознаат со основните сообраќајни поими, со сообраќајните знаци, правила и прописи, со посебен акцент на нивното однесување како учесници во сообраќајот, односно како пешаци или кога возат велосипеди или тротинети. Исто така учениците беа запознаени и со задачите и обврските на униформираниот полициски службеник.
Дополнително на учениците им беа поделени и наменски изработени едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

