Секое дете треба да има безгрижно детство, целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба.
Во рамките на проектот „Инклузија на деца со ПОП“ поддржано од Детската фондација Песталоци, учениците од IX-2 одд. со нивната одд. раководителка Трајанка Колева и учениците од VII-1 со одд. раководителка Ленче Чиркова, имаа кратко предавање на тема: „Насилство“.
Учениците изработија хамери под мотото: „Имам сон“ и „Насилство и видови насилство“. Испишаа пораки кои ги поделија на своите соученици, изработиja цветови на кои имаа порака за: Стоп за различни видови на насилство.
На крај заклучивме дека секој вид на насилство треба да биде пријавено, бидејќи насилството го попречува развојот на децата, спречува здрави врски со другите, доведува до агресија и ниска самодоверба.

