Денес 19.2.2026 година (четврток) во 12:00 часот, во просториите на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“, Струмица беа доделени наградите од литературниот конкурс на тема: „КАРНЕВАЛСКАТА МАСКА ВО МЕНЕ“.
Нашата ученичка Валерија Ѓоргиева од VII-1 одделение, под менторство на професорката Марија Челебиева ја доби првата награда во категоријата ученици од основните училишта од VI до IX одделение.

