Учениците од IV² одделение заедно со одделенскиот наставник Славе Ковачев, изработија поинаква воннаставна активност по предметот историја и општество, на темата: Средината во која живеам.
Учениците најголем акцент на оваа тема ставија на нашата општина. На почетокот разговараа за Локалната самоуправа, научија кои се нејзини органи и надлежности. Ги нацртаа симболите на Општина Струмица и разговараа за грбот на Општина Струмица. Научија каква е неговата форма, на колку полиња е поделен и кои симболи се наоѓаат на него. Најголемо и посебно внимание посветија во играње улоги и игри со симулација. Сè се одвиваше по следниот редослед:
– Симулација на избори за градоначалник:
Кандидатите подготвија програма со која се претставија, а останатите ученици во една весела и опуштена атмосфера гласаа за еден од кандидатите. За крај со посебна љубов изработија хамер со наслов: „МОЈАТА ОПШТИНА СТРУМИЦА“.

