По повод Светскиот ден против дебелината 4 Март, учениците од IV-1 одд.и одд. наст. Ирена Ристова Стевкова реализираа воспитно-едукативна активност посветена на здравите навики и правилната исхрана..
Масата беше уредена како мал здрав пикник, со цел да се создаде пријатна и мотивирачка атмосфера.
Учениците претходно учествуваа во 5-дневен предизвик за поттикнување на здрави навики, при што секојдневно бележеа здрав избор во исхраната. За нивната посветеност и успешно учество, учениците добија заслужени дипломи.
Во рамките на активноста нè посети и нутриционист Тања Дрвошанова кој одржа стручен и прилагоден разговор со учениците за значењето на правилната исхрана и балансираниот начин на живот. За придонесот и поддршката во реализацијата на активноста и беше доделена благодарница.
Активноста имаше за цел да ги поттикне учениците да развиваат свест за сопственото здравје и да направат мали, но значајни чекори кон поздрав начин на живот.

