На Струмичкиот карневал 2026, првата награда во категоријата Г (од 11 до 20 учесници) ѝ припадна на карневалската група од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица за впечатливата и креативна маска „Струмички тотеми“. Со својата оригиналност, симболика и тимска посветеност, тие го освоија жирито и ја воодушевија публиката.
При доделувањето на наградата, салата одекна од громогласен аплауз, искрена поддршка и признание за трудот, идејата и енергијата вложени во оваа маска. Наградата, доделена од карневалскиот одбор, ја подигна директорката Ленче Чиркова, заедно со претставници на карневалската група (наставници и ученици), кои со гордост и насмевки го споделија овој свечен момент.
По свечениот момент, славеничката атмосфера продолжи во карневалски дух, со гордост и моменти што долго ќе се паметат.

