Денес драмското студио при здружение АРТ КУЛТ-УРА од Скопје ја одигра претставата “РАСПЕАНА ТУРЛИТАВА” во ООУ ,,Маршал Тито” Струмица
Преку еден домашен рецепт за подготовка на здрава храна во исхрана на денешната млада популација, пласираме уште неколку важни нитки:
- Примена на македонскиот литературен јазик, неговите изразни форми, зборови, реченици, строфи, римувани стихови, искажани преку монолошки изрази и дијалози на ликовите
- Спој на говорното дејство на ликовите со музичките фрази и нумери од нашето богато музичко творештво
- Апострофирање на литературната форма – драма преку сценска игра низ драмското дејство(од увод до епилог). Придружната сценографија, костимографија, сценските реквизити, го комплетираат поимот – театар, а самиот сценски простор станува театарска претстава.

