По предвидената воннаставна активност по предметот историја и општество, сите ученици од IV одделение беа во посета на општината и градоначалникот на Општина Струмица.
Учениците најпрво го поздравија градоначалникот со рецитирање на стихотворби, а потоа следуваше сплет песни подготвени од страна на учениците. Тие исто така поставуваа прашања во врска со работата на општината и градоначалникот. Радоста беше заемна, атмосферата опуштена, муабетот слободен, прашања многу и сите до едно испочитувани со одговор од градоначалникот Петар Јанков.
За крај учениците го посетија кабинетот на градоначалникот на Општина Струмица.

