По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, учениците од II-1 одделение со одделенскиот наставник Елена Милкова и учениците од IV-1 одделение со одделенскиот наставник Ирена Ристова Стевкова реализираа креативна работилница.
На работилницата учениците изработуваа честитки и цвеќиња од хартија, рецитираа убави зборови посветени на своите мајки и со голема радост им подарија дел од своите изработки на директорката, наставничките и стручната служба во нашето училиште.
Работилницата помина во пријатна и весела атмосфера, исполнета со детска креативност, љубов и почит кон жената.

