Денеска спомен-куќата на народниот херој Благој Јанков – Мучето ја посетија учениците од ООУ „Маршал Тито“ Струмица, во придружба на своите професорки: Ленче Чиркова, Ружица Михова и Трајанка Колева.
Посетата беше исполнета со интерес и емоции, младите ученици внимателно ги слушаа приказните за животот и јуначките подвизи на Мучето, еден од најголемите синови на струмичкиот крај, кој со својата храброст и пожртвуваност ја вградил својата младост во темелите на слободна Македонија.
Музејот ја продолжува својата мисија да ја разбуди свеста кај младите генерации дека слободата не ни е дадена, туку е резултат на пролеана крв и незгаслива љубов кон татковината.
Низ приказната за Благој Јанков – Мучето, учениците ја почувствуваа величината на идеалите за кои се бореле хероите од Струмица, идеали што нè обврзуваат да ја чуваме и почитуваме нивната жртва.
Слободата има своја цена, а нашата е испишана со имињата на јунаците кои никогаш нема да бидат заборавени!

