Денес во ООУ „Маршал Тито“ Струмица се одржа обука за учениците од ученичките парламенти во рамки на проектот „Зајакнување на инклузијата на деца со ПОП“, со поддршка на Детската фондација Песталоци, како дел од активностите за јакнење на капацитетите на ученичките парламенти во основните училишта.
Во обуката учествуваа претставници од Ученички парламент од VI-IX одделение под менторство на м-р Трајанка Колева и обучувач Тања Ташева Палифрова.
Во обуката преку интерактивни активности, дискусии и групна работа, учениците се запознаа со различните нивоа на ученичко учество преку Скалата на учество Роџер Харт, дискутираа за прашања поврзани со инклузијата и еднаквоста и работеа на идентификување конкретни проблеми и потреби во нивната училишна средина. Врз основа на идентификуваните прашања, учениците работеа и на креирање анкета за испитување на мислењата и искуствата на своите соученици.
Анкетата ќе биде спроведена меѓу учениците во период помеѓу двата тренинг-дена, а резултатите ќе послужат како основа за понатамошна работа.
Обуката има за цел да го поттикне активното и суштинско учество на учениците и нивниот глас да придонесе кон создавање поинклузивна, поправедна и поодржувачка училишна средина за сите.

