По повод „Меѓународниот ден на лицата со попреченост“, учениците од IV 1 одд.со одд.наставничка Ирена Ристова Стевкова, реализираа активност која ја посветија на прифаќањето и различностите што не прават посилни.
Преку изработка на инклузивен постер, учеа дека секое дете заслужува место, поддршка и љубов, не само денес туку секој ден.
Учеа дека инклузијата не е само збор – таа е рака што ја подаваме, насмевка што ја делиме, другарство што го градиме. Во нашата училница секое дете е важно,секое дете припаѓа и секое дете може да блесне.
Сите сме различни, сите сме единствени и токму затоа – СИТЕ СМЕ ВАЖНИ!
А учениците од l-1 одд. и l-3 одд. под раководство на наставниците Данче Манчева и Аида Бекирова, реализираа заеднички активности под слоганот „Најголема пречка е да не се сакаме“. На часот посебно се истакна дека отсуството на љубов кај човекот преставува најголема пречка.

