Во рамки на наставата по биологија, со учениците од VII одделение беше реализиран интерактивен и едукативен час на тема „Микроорганизми и болести кои ги предизвикуваат“, под менторство на наставничката Анета Крстова.
Часот беше осмислен како кратко истражување преку кое учениците активно учествуваа во процесот на учење, запознавајќи се со светот на микроорганизмите, нивната улога и влијанието врз човековото здравје. Посебен акцент беше ставен на најчестите заболувања предизвикани од бактерии и вируси, како и на разликите помеѓу нив.
Преку конкретни примери и дискусија, учениците се стекнаа со практични знаења за начините на пренесување на инфекциите, како и за мерките за лична и колективна заштита. Беше истакната важноста на хигиенските навики, вакцинацијата и одговорното однесување во секојдневието со цел спречување на ширењето на заразни болести.
Ваквиот интерактивен пристап придонесе за поголем интерес и активно вклучување на учениците, поттикнувајќи ги да размислуваат критички и да ги применуваат стекнатите знаења во реални ситуации. Часот претставува одличен пример за современа настава насочена кон развој на свесност за здравјето и превенцијата уште од најрана возраст.

