По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во нашето училиште беше реализирана воннаставна активност во форма на креативно видео, посветено на значењето и вредноста на мајчиниот јазик.
Во видеото учениците ги играа ликовите на македонските преродбеници, доближувајќи ги до современиот ученик нивните идеи, мисли и придонеси за македонскиот јазик и култура.
Улогите ги толкуваа:
Феликнас Османова – вовед
Саветка Трајкова – Јордан Хаџи Константинов – Џинот
Џеваир Мустафова – Јоаким Крчовски
Борис Тасевски – Григор Прличев
Ајлин Демирова – Марко Цепенков
Атиџе Мустафова – Димитар Миладинов
Бојана Иљачева – Константин Миладинов
Наталија Раденовска – Кирил Пејчиновиќ
Нурмухамед Османов – Теодосиј Синаитски
Ментор на активноста беше професорката по македонски јазик, Ѓургица Костадиновска, која ги поттикна учениците да го истражат значењето на мајчиниот јазик и неговата улога како темел на нашиот идентитет.
Преку оваа активност учениците не беа само набљудувачи, туку активни учесници во наставата. Тие имаа можност да стекнат актерско искуство, да воспостават непосреден контакт со камерата и да ја почувствуваат магијата на глумата, развивајќи самодоверба, креативност и истражувачки дух.
Со ова видео уште еднаш ја потврдивме нашата посветеност кон негување, почитување и зачувување на македонскиот јазик како наш корен, наша традиција и наш глас.


Add comment
You must be logged in to post a comment.