Денес учениците од IV-1 и II-1, заедно со ученици од повеќе училишта, учествуваа на настанот „Љубовта навистина живее во нас и околу нас“.
Настанот беше во организација на Music Connects People и Здружение ВЕРА – Down Syndrome.
Во пријатна и весела атмосфера, децата преку креативни пораки, симболи на љубов и заедничко дружење испратија силна порака за пријателство, почит и солидарност.
Присуството на ученици од различни училишта ја збогати активноста и покажа дека љубовта ги поврзува сите – без разлика на возраста или училиштето.
Со насмевки, балони и топли зборови, плоштадот беше исполнет со позитивна енергија и детска искреност.
Оваа активност нè потсети дека љубовта е во малите гестови – во подадената рака, во убавиот збор и во заедничката радост.










Add comment
You must be logged in to post a comment.