UNICEF како најголема Светска организација за заштита на децата ја користи сината боја како официјален симбол.
Затоа денешната наша сина рака е симбол на заштита и подадена помош, симбол на грижа, симбол да кажеме СТОП за насилството.
Ние подаваме рака на оние на кои им е потребна помош.
Кога децата создаваат „сини раце“ тоа претставува заеднички глас:
„Сите деца заслужуваат љубов, безбедност, образование и почит“
Нека секој ден биде ден за децата, а ние нивна најсигурна рака.
Дајте раце да играме, сите деца на светот црни, жолти, бели, ајде само да пееме и порака за мир да пратиме!
Искрени желби од учениците од IV-1 одд. и одд. наст. Ирена Ристова Стевкова
Среќен Светски ден на детето!




