По повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, учениците од IV-1 одделение реализираа интегрирана активност посветена на значењето на јазикот како дел од личниот и културниот идентитет.
Активноста започна со разговор за улогата на мајчиниот јазик во секојдневната комуникација и во семејството. Учениците истакнаа дека дома зборуваат на турски јазик, а на училиште учат и комуницираат на македонски јазик, при што ја нагласија важноста на двојазичноста како предност и богатство.
Во рамки на активноста учениците:
Изработија „Дрво на зборови“, на кое ги поврзаа зборовите на турски и македонски јазик нагласувајќи дека јазиците нè поврзуваат.
Презентираа кратки пораки за значењето на мајчиниот јазик и почитта кон јазичната разновидност.
Разговараа и истражуваа за улогата на јазикот во семејството и училиштето
Развиваа свест за толеранција и почит, согледувајќи дека познавањето повеќе јазици претставува богатство и предност.
Преку оваа активност се поттикнуваше развој на јазична култура, меѓусебна толеранција и свесност за богатството на различностите. Учениците покажаа зрелост, креативност и гордост што зборуваат повеќе јазици, испраќајќи силна порака дека јазиците нè поврзуваат и го збогатуваат нашето општество.

