Денес, дефектологот во училиштето Јаворка Арабаџиева во координација со професорката по биологија Анета Крстова одржаа едукативна работилница на тема „Реткоста инспирира“ сo учениците од VIII-4 и IX-1 одделение, по повод Февруари – месец посветен на подигање на свеста за ретките болести.
Учениците беа запознаени со неколку ретки болести со нивните карактеристики предизвиците и секојдневни активности со кои лицата се соочуваат.
На крајот учениците испратија пораки за поддршка и прифаќање на лицата со ретки болести, лица кои се храбри и горди со својата реткост и токму таа храброст и гордост која ја имаат заслужувааат да ги запознаеме.

