Во нашето училиште, учениците христијани и муслимани заедно учат, растат и споделуваат вредности како пријателство, почит и добрина. Велигден е празник на надежта, новиот почеток и љубовта – вредности што нѐ обединуваат сите.
Да покажеме дека различностите се наше богатство, а заедништво наша сила.
Заедно создаваме поубав свет исполнет со мир и разбирање.
Среќен Велигден на сите што го слават!

