Со особена чест и гордост, ООУ „Маршал Тито“ – Струмица оваа година одбележа значаен јубилеј – 100 години постоење, раст, посветеност и создавање генерации ученици кои оставиле свој белег во општеството.
По повод овој голем јубилеј, подготвивме свечено видео кое ја раскажува богатата и инспиративна приказна за нашето училиште, од неговите почетоци, преку развојот низ децениите, па сè до денешниот современ образовен дом исполнет со знаење, креативност и успех.
Во видеото се прикажани бројните генерации и наставниот кадар кој бил дел од оваа значајна образовна институција во Струмица, нивниот придонес, успесите, спомените и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација. Ова е приказна за трудот, љубовта кон образованието и посветеноста на сите вработени кои низ целиот еден век ја граделе и чувале традицијата на училиштето.
ООУ „Маршал Тито“ не е само училиште – тоа е место каде што се создаваат пријателства, се негуваат вистински вредности и се градат идните генерации. Во текот на овие 100 години, училиштето претставува симбол на знаење, воспитување, култура и напредок.
Ова видео е сведоштво за еден век традиција, знаење и љубов кон нашата образовна установа.
Нека овој јубилеј биде потсетник на богатото минато, но и инспирација за иднината која допрва ќе ја создаваме заедно.
Изработил: Стојанче Кировски – наставник по информатика
Текст: Благица Устапетрова и Савета Андонова – наставници по македонски јазик
Чита: Изабела Ангелова – ученичка во VIII одделение

