Добре дојдовте на првиот училиштен ден!
Денес, 1 Септември, повторно детскиот џагор се слуша во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, исполнет со детска насмевка, возбуда и нови почетоци.
Особено им посакуваме добредојде на нашите првачиња, за кои денешниот ден е почеток на едно прекрасно патување исполнето со нови знаења, другарства, искуства и незаборавни моменти.
На сите ученици им посакуваме успешна, среќна и исполнета учебна година, со многу знаење, успех и убави спомени!
На наставниците им посакуваме многу енергија, трпение и мотивираност, а на родителите – доверба и поддршка во секој чекор од образовниот пат на нивните деца.
Нека ни биде среќен почетокот на новата учебна година!

