➡️На ден 11.05.2026 (понеделник) група бр.1 ,,Мостови на пријателство” го реализираше својот завршен настан; интеркултурна приредба насловена ,,Мостови на пријателство”
🎭Преку драматизацијата ,,Армасот на Митко и Бисера”, звуците на трубата на Агушев, па сѐ до современи и народни танци, третоодделенците од ООУ ,,Никола Вапцаров” под менторство на одделенскиот наставник Милена Исирова и третоодделенци од ООУ ,,Маршал Тито” под менторство на одделенскиот наставник Марија Илиева цврсто изградија еден посебен мост на пријателство.
🤗Голема благодарност до директорот на ООУ ,,Никола Вапцаров” – Горги Христов и директорката на ООУ ,,Маршал Тито” – Ленче Чиркова за цела поддршка, опременост и ангажираност во текот на овие два месеца.
✏️Учесниците се здобија со рачно изработени боенки од страна на волонтерите; менторите и директорите со благодарници во чест на благодарност.
🍽️На крајот, беше поставена и скромна трпеза со посна храна за сите гости.
👥Салата беше полна со гости, а исто така и со емоции. Ви благодариме на сите за вашето присуство.
❤️Ова не е крај. Ова е само почеток на поуспешни соработки и проекти.
🌏Ја испраќаме и продолжуваме да ја испраќаме пораката дека ,,Сите сме исти – Hepımız eşıtız”.

