Музеите се места каде што минатото зборува, а иднината нѐ учи.
По повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, дел од учениците од VII и IX одделение, заедно со наставничките Трајанка Колева и Соња Шарламанова, го посетија НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица.
Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со богатото културно и историско наследство на Струмица, преку разгледување на музејските поставки, археолошките експонати и значајните историски предмети кои сведочат за минатото на нашиот крај.
Преку оваа едукативна посета, учениците ги продлабочија своите знаења за историјата, традицијата и културата, а воедно ја развиваа и свеста за значењето на зачувувањето на културното наследство за идните генерации. Посетата помина во пријатна и инспиративна атмосфера, исполнета со љубопитност, нови сознанија и интересни разговори.









