Учениците од паралелката 7-4 реализираа општествено-хуманитарна активност со посета на Основното училиште со ресурсен центар „Св. Климент Охридски“ во Ново Село.
Во духот на солидарноста и емпатијата, тие поделија симболични подароци на учениците, со цел да внесат радост и да покажат грижа и внимание кон своите врсници. Посетата беше збогатена со кратка музичка програма, преку која учениците од 7-4 ја изразија својата креативност и желба за дружење. Настанот помина во топла и пријателска атмосфера, исполнета со насмевки и позитивна енергија, оставајќи убави спомени кај сите присутни.
Месец март, како месец посветен на подигнување на свеста за хуманоста, солидарноста и инклузивноста, го заокружуваме токму со вакви активности кои поттикнуваат вистински вредности. Преку ова искуство, учениците уште еднаш покажаа дека малите гестови можат да направат голема разлика и да донесат радост таму каде што е најпотребно.
Упатуваме благодарност до домаќините за гостопримливоста и одвоеното време.

