На 23.03.2026 година (понеделник), групата „Мостови на пријателство“ реализираше посета на верски објекти — православна црква и џамија, учениците од ООУ „Маршал Тито“, под менторство на одделенскиот наставник Марија Илиева, и учениците од ООУ „Никола Вапцаров“, под менторство на одделенскиот наставник Милена Исирова.
Во текот на посетата, учениците имаа можност поблиску да се запознаат со традициите, обичаите и вредностите на двете религии. Тие разговараа за празниците, правилата на верата, начинот на молење, постите, како и за почитта, разбирањето и соживотот како темелни човечки вредности.
Оваа средба беше исполнета со искрени насмевки, љубопитност и убави моменти, а посебна радост донесе и заедничкото одбележување на роденденот на една од ученичките — мал, но искрен гест што внесе уште повеќе топлина и блискост меѓу децата.
Учениците, заедно со волонтерите и одделенските наставници, продолжуваат да ја негуваат соработката, другарувањето и меѓусебната почит, испраќајќи силна порака:
„Сите сме исти – Hepimiz eşitiz.“ ❤️











