Како дел од активноста Општествено-хуманитарна работа на тема „Додај малку боја во твојата околина“, беа реализирани презентација и ученичка активност каде учениците заедно со наставниците: Тина Јанева, Анета Крстова, Ивана Крстова и Тони Митев, уредија дел од училишниот двор.
Целта на активноста беше учениците да се запознаат со поимите хорт и култура, естетско уредување, уредување на јавни површини а со тоа и како да ја зачуваат животната средина.
Преку презентација овие поими беа објаснети и учениците даваа примери за уредување на зелена површина во своите домови.
Покрај тоа, учениците сами обработија дел од површината во училишниот двор и засадија цвеќиња.

