По повод празникот Рамазан Бајрам, наставниците од одделенска настава заедно со учениците реализиравме убава и креативна активност. Учениците со голема љубов учествуваа во изработка на украсни елементи и пораки поврзани со празникот. Преку оваа активност тие имаа можност да ја запознаат традицијата и значењето на Рамазан Бајрам, но и да ја развиваат својата креативност, соработка и почитување на различностите. Активноста помина во пријатна и празнична атмосфера исполнета со радост и насмевки.
За време на овој празник ги посетуваме постарите, ги радуваме помладите, ги забораваме навредите и уште повеќе се прегрнуваме едни со други. Во овие посебни денови, кога се зголемуваат споделувањето и добрината, на лицата на сите има насмевка. Посакуваме Рамазан Бајрам да донесе здравје, мир и среќа за нашата земја, за светот и за сите луѓе.
Нека е честит Рамазан Бајрам на сите!

