Денес, 23.3.2026 година, во нашето училиште се одржа еко-акција со цел подобрување на училишната средина. Учениците и наставниците заеднички учествуваа во чистење и освежување на училниците и другите простории, придонесувајќи за поуреден и попријатен амбиент за работа и учење.
Во рамки на акцијата беше реализирано и садење цвеќиња, со што дополнително се разубави училишниот двор. Посебно внимание беше посветено и на неговото одржување, при што се уредија зелените површини и се создаде почиста и поеколошка околина.
Оваа активност претставува уште еден доказ за заедничката грижа за природата и за просторот во кој секојдневно престојуваме, како и за подигнување на еколошката свест кај учениците.

