Интеркултурен проект „Мостови на пријателство“ – ЦКА-ПХВ
На 16 март 2026 година (понеделник), успешно се реализираше првата активност од интеркултурниот проект „Мостови на пријателство“, во рамките на програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности).
Во активноста учествуваа ученици од ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, заедно со својата одделенска наставничка Марија Илиева и ученици од ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица со својата одделенска наставничка Милена Исирова.
Преку дружење, меѓусебно запознавање и тимски игри, учениците имаа можност да изградат нови пријателства и да ја почувствуваат силата на заедништвото. Активноста заврши со креативна работилница, при што учениците изработија хамери со силна и универзална порака:
„Сите сме исти – Hepimiz eşitiz“.
Директорите на училиштата овозможија активноста да се реализира во најдобар ред и со беспрекорна организација.
Овој настан претставуваше вистинска можност учениците да се запознаат со различни култури, да ги разберат и почитуваат различностите, но и да согледаат дека токму тие се мостот што нè поврзува.
Проектот „Мостови на пријателство“ продолжува и понатаму, со цел да ги негува хуманите вредности, толеранцијата и пријателството меѓу младите.

