Денеска на часот по Глобално затоплување и климатски промени, по повод 22 Март – Светскиот ден на водата, наставничката Ивана Крстова одржа кратка работилница со учениците од 7-1 и 7-3 одделение.
На часот беше прикажана презентација за тоа како влијаат климатските промени врз топење на глечерите, зголемување на нивото на вода и најштетната последица за луѓето – намалување на питка вода.
На крајот учениците на табла запишаа по една реченица како да се чува и штеди водата за да не дојде до нејзино прекумерно користење.

