Како училиште, веруваме дека образованието не значи само стекнување знаења, туку и градење личности кои знаат да покажат емпатија, солидарност, почит и грижа за другите. Честитки за 30-годишниот јубилеј „Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ !
Преку заедничките активности со Црвениот крст на Струмица, нашите ученици имаа можност да учат дека секој мал гест на добрина може да направи голема разлика.
Продолжуваме заедно да создаваме генерации кои ќе знаат да помогнат, да подадат рака и да бидат пример за хуманост во својата заедница.
Заедно градиме хумани и одговорни генерации!

