Нашата ученичка Пакизе Мустафова, ученичка од IV2 одделение при ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, постигна значаен успех на литературниот конкурс организиран од Библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ – Струмица, по повод 20 Мај – Светскиот ден на пчелата.
На конкурсот, кој беше распишан на тема „Од цвет на цвет до мед“, ученичката со своето литературно творештво се истакна со оригиналност, креативност и зрел израз, при што го освои третото место меѓу бројни пристигнати трудови.
Овој успех е резултат на нејзиниот труд, љубовта кон пишаниот збор и посветеноста кон наставните активности, како и на менторската поддршка од наставникот Славе Ковачев, под чие менторство е изработен трудот.
ООУ „Маршал Тито“ – Струмица упатува искрени честитки до ученичката и нејзиниот ментор за постигнатиот успех и им посакува уште многу вакви признанија и успеси во иднина.

