Во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица се одржа првиот дел од свечената церемонија за распределба на образовни материјали, донирани од Министерството за национално образование на Република Турција за училиштата во Северна Македонија.
Настанот претставува значаен чекор кон унапредување на образовниот процес и обезбедување подобри услови за учениците и наставниот кадар. На свеченоста присуствуваа амбасадорот на Република Турција во Скопје, Фатих Улусој, генералниот директор за високо образование и образование во странство Фарук Берат Акчешме, градоначалникот на Струмица Петар Јанков, советникот за образование Али Риза Алтунел, претседателот на МАТУСИТЕБ Тахсин Ибрахим, Лимко Бејзаровски, генералниот секретар на ТДП Орхан Баров, како и директорот на училиштето, наставници и ученици.
ООУ „Маршал Тито“ изразува благодарност за оваа вредна донација, која ќе придонесе за поквалитетна настава и подобро образовно искуство за учениците.
